Барса го договори Сетиен на две и пол години, но во јуни може да го „шутне“ без обештетување

Шпанскиот шампион Барселона од синоќа и официјално има нов предводник на тимот. Кике Сетиен е назначен за замена на Ернесто Валверде, кој по лошите игри и резултати на тимот во последниот период, заработи отказ. 

Искусниот стратег со каталонскиот гигант си подадоа рака на две и пол годишна соработка, но во овој договор има интересна клаузула. Односно, Сетиен потпиша на шест месеци плус една, плус една година, што значи дека Барселона ќе има право да го „шутне“ уште во јуни без да му плати обештетување. 

61-годишниот стратег беше втора опција на раководството на шпанскиот гигант, откако поранешниот капитен Чави не се нафати да седне на каталонската клупа. 

Сетиен речиси цела своја кариера ја мина тренирајќи екипи од Примера, а негов последен клуб беше Бетис