Барса доведе уште еден Холанѓанец, потпиша Лудовит Реис од Гронинген

Лудовит Реис e второто засилување на шпанскиот шампион Барселона за следната сезона. Холанѓанецот ги мина лекарските прегледи, потпиша за новиот клуб и беше претставен пред јавноста.

Играчот за врска доаѓа од Гронинген за 3,2 милиони евра. Реис потпиша тригодишен договор со опција за продолжување на уште две години. Најнапред ќе биде приклучен кон Барса Б, а потоа во зависност од развојот се предвидува да го облече и дресот на сениорската екипа. 

Откупната клаузула од 100 милиони долари покажува дека Барса сериозно смета на него во иднина. 19-годишниот Реис зад себе остави 50 натпревари за Гронинген и Де Јонг од Ајакс.

Претходно Каталонците го доведоа и Френки Де Јонг од Ајакс, а преговараат и со Де Лихт.