Барса добива силна конкуренција: Јунајтед дава повеќе пари за Де Лихт 

Екипата на Барселона веќе подолг период ја има фаворитската улога за доведување на младиот капитен на Ајакс, Матијс Де Лихт, но со фудбалскиот трансфер пазар ништо не е готово. Додека не се подигне шалот, не е готово. 

Причината е затоа што неколку преодни рока гигантите се „расфрлаат“ со пари за нови имиња. Каталонците во последен момент добија силна конкуренција за холандскиот дефанзивец.

Наводно, Манчестер Јунајтед е подготвен да издвои вистинско богатство за да го добие Де Лихт. Се споменуваат 14 милиони евра годишна плата, што е многу повеќе од онаа што Барса го нуди, додека Ајакс за овој трансфер би добил 80 милиони евра, 10 повеќе отколку од шпанскиот гигант. 

Од Јунајтед се убедени дека ќе успеат да извојуваат победа во оваа трка за Де Лихт, кој треба да биде лидер во дефанзивата во новата ера на англискиот гигант предводен од Оле Гунер Солскјер.