ВИДЕО: Барнли со еден гол го реши Кристал Палас за прва победа сезонава во ПЛ

Фудбалерите на Барнли го добија дуелот со Кристал Палас (1-0) и во деветтото коло од Премиер лигата ја запишаа првата првенствена победа. Средбата на „Турф Мор“ мина изедначено, а двата тима имаа свои шанси. Сепак, раното водство на домаќинот беше пресудно и доволно за победа. 

  • Барнли - Кристал Палас 1-0:

Течеше осмата минута кога Крис Вуд го отвори резултатот и Барнли поведе со 1-0. На голот му претходеа неколку лоши реакции во одбраната на Кристал Палас, па домашните фудбалери со многу среќа стигнаа до водство. 

Во наредниот период, Барнли имаше две изгледни шанси да ја удвои позитивата, ама Вуд, МекНил и Џеј Родригез ги промашија своите шанси. Слично беше и на спротивната страна каде промашуваа Батшуаји и Таунсенд, па на полувреме беше сè уште актуелен резултатот поставен во осмата минута. 

Вториот дел стартува со нова шанса на Барнли, а Гудмундсон ја погоди пречката од голот на Гуаита. Кристал Палас има за што да жали бидејќи во многу наврати можеше да израмни и да освои барем бод. Сепак, ударите на Батшуаји и Бентеке изнудија одлични интервенции на Ник Поуп, па Барнли првпат се радуваше во Премиер лигата.