ВИДЕО: Барнли останува во трката за опстанок, Брентфорд го „наполни“ Лутон

Екипата на Барнли го доби дербито на дното и по пауза од четири натпревари успеа да извојува важна победа во трката за опстанок во Премиер лигата. Момците на Винсент Компани со сигурни 1-4 славеа на гостувањето кај Шефилд Јунајтед и се доближија на само три бода до сигурната зона. Шефилд, пак, уште еднаш потврди дека местото не му е во елитата и многу веројатно по крајот на сезоната ќе се врати на местото од каде што дојде – Чемпионшип.

  • Шефилд Јунајтед - Барнли 1-4:

Стрелци на головите за Барнли беа Ларсен, Асињон, Гудмундсон и Фостер, додека почесниот погодок за „ножевите“ го постигна Хамер за тогашни 1-2. Во следното коло Шефилд гостува кај Манчестер Јунајтед, додека следен противник на Барнли е исто така Манчестер Јунајтед. 

  • Лутон Таун - Брентфорд 1-5:

Без бодови остана уште еден тим кој што сезонава влезе во Премиер лигата. Лутон пред својата публика немаше сили против разиграниот Брентфорд и загуби со 1-5 (0-2).

„Вредните пчели“ уште еднаш покажаа врвен фудбал, а херој им е Виса кој беше автор на два гола, а во листата на стрелците се запиша и Пинок, Потер и Шаде.

Состави

Chris Wilder

3-5-2

    Скот Паркет

    4-4-2