ВИДЕО: Барнли ќе си ја крои судбината во последно коло, реми на Челзи и Лестер

Екипата на Барнли освои бод на гостувањето кај Астон Вила (1-1) и така судбината во Премиер лигата ќе си ја крои во последното коло, затоа што има изедначени бодови со Лидс Јунајтед, а двете екипи ќе се борат да го избегнат последното место кое води во Чемпионшип.

  • Астон Вила - Барнли 1-1:

Популарните „кларетси“ се седумнаесетти со 35 бода, зад нив е Лидс со идентичен број на бодови. Ќе испадне оној со послаба гол-разлика. Прв на мечот поведе токму Барнли со гол на Барнс во 45. минута, а домаќинот се избори за реми преку Буендиа во 48. минута.

  • Челзи - Лестер Сити 1-1:

Реми одиграа и екипите на Челзи и Лестер Сити (1-1), во натпревар кој беше без големо резултатско значење. „Сините“ веќе имаат место во ЛШ, „лисиците“ не можат во Европа, па така, мечот не беше под голем набој. Двата гола паднаа во првото полувреме - уште во 6. минута Лестер поведе преку Медисон, додека „сините“ дојдоа до бод со гол на Алонсо во 34. минута.

Последното премиерлигашко коло е закажано на 22 мај. Покрај борбата за опстанок меѓу Барнли и Лидс, интересна ќе биде и борбата за еврокуповите.

Состави

Стивен Џерард

4-3-1-2

    Michael Jackson

    5-3-2