• Мартин Танасковски

Битката за опстанокот во Англија се води меѓу три тима, а Барнли влезе уште посериозно во неа откако дома победи против Саутемтпон (2-0) на шест рунди пред крајот на Премиер лигата.
Барнли, Евертон и Лидс Јунајтед се екипите кои до финишот ќе се борат да ја избегнат таа осумнаесетта позиција која води во Чемпионшип, додека Вотфорд и Норич голема е веројатноста дека ќе испаднат како 19-ти и 20-ти.
- Извештај од натпреварот:
Сепак, победата на Барнли на домашен терен против „светците“ од Сент Мери дава надеж дека може и догодина тимот да има премеирлигашки статус. До трите бода домаќинот го водеа Робертс и Колинс кои во листата на стрелците се запишаа во 12. и 44. минута. Во вториот дел погоди и Корк во 64. минута, но ВАР го поништи голот за 3-0 поради офсајд.
Следната рунда за Барнли носи нов домашен натпревар против Вулверхемптон.