ВИДЕО: Барела со ЕВРОГОЛ донесе херојски пресврт, Интер одново пред Јуве

По киксот во Лигата на шампионите, екипата на Интер им се врати на победите во Серија А. Од Милано со пораз си замина Верона (2-1), која не ги издржа сите напади на фаворитот и без успех си замина од ова тешко гостување.

Трагичар на првиот дел беше голманот Самир Хандановиќ. Словенецот на голот на „неразурите“ направи прекршок за најстрога казна, а потоа не успеа да го одбрани ударот на Вере за 0-1. За домаќинот се заканија Ромелу Лукаку и Марцело Брозовиќ, но тие не успеаја да ја крунисаат доминацијата на домашниот тим.

  • Извештај од натпреварот: 

Драма во завршницата донесе Весино кој израмни во 65. минута. „Осумката“ на домаќинот највисоко скокна во казнениот простор и со глава погоди за радост на публиката. Антонио Конте бурно го прослави погодокот и побара од своите избраници дополнително да го зголемат притисокот во потрага за целосен пресврт.

Делириум на трибините предизвика вториот гол во гостинската мрежа во реализација на Николо Барела. 22-годишниот талент постигна вистински еврогол со кој донесе голем триумф за својата екипа.

Интер се искачи на врвот на табелата пред Јувентус, кој утре игра дерби на домашен терен против Милан.