Барела: Сакам да бидам како Станковиќ, тој е мојот идол

Фудбалерот на Интер и репрезентативец на Италија, Николо Барела откри дека поранешниот ас на „нероазурите“, Дејан Станковиќ, бил еден од неговите идоли кога започнал да игра фудбал.

Барела на официјалниот Инстаграм канал на Интер зборуваше на различни теми, вклучувајќи ги и фудбалските почетоци, а по тој повод откри дека на терен сака да биде како актуелниот тренер на Црвена Звезда, кој некогаш беше еден од најдобрите фудбалери на миланскиот гигант.

„Еден од моите идоли беше Дејан Станковиќ, секогаш ми се допаѓаше како фудбалер. Секогаш се обидував да го земам најдоброто од него и да се обидам да се наметнам како него во дресот на Интер“, меѓу другото рече Барела.

Дејан Станковиќ за Интер играше од 2004 до 2013 година, а за тоа време освои дури 15 трофеи, вклучувајќи пет скудета и една титула во Лигата на шампионите.