ВИДЕО: Барди влезе во завршницата, Рочина распали за три бода на Леванте

Рочина Леванте

Александар Трајковски остана надвор од конкуренција во поразот на Мајорка на гости кај Леванте (2-1) на Енис Барди во 14. коло од новата сезона во Примера.

Македонскиот напаѓач не беше дел од екипата поради повредата добиена на гостувањето во Австрија, а домашниот играч за врска доби шанса во завршницата, во последните десетина минути.

  • Извештај од натпреварот: 

Конечниот резултат можеби е најправеден, со оглед на случувањата на теренот и шансите на двете страни. По празниот прв дел, два гола во период од 15-ина минути беа постигнати на стартот од второто полувреме.

Марти Роџер со глава реализира за радост на домашната публика, а Дани Родригез се погрижи гостите да не си заминат дома со празни раце. Во 62. минута беше одлично проигран и од само неколку метри ја затресе мрежата на домаќинот.

Херој и човекот кој го постигна најубавиот погодок на мечот беше Рубен Рочина. Дебитантскиот гол во сезоната 2019/20, 28-годишниот напаѓач го постигна со маестрален удар од далечина, кој не можеше да го спречи гостинскиот голман. 

Со трите бода, Леванте застана на средина од табелата, а Мајорка остана во опасната зона.

 

Состави

Paco Lopez

4-4-2

    Vicente Moreno

    4-2-3-1