Барди: Трабзон ми беше како дом, нема никогаш да ве заборавам (ВИДЕО)

Енис Барди официјално се збогуваше со екипата на Трабзонспор и го напушта клубот после две ипол години. 

Македонскиот репрезентативец кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Турција или Шпанија, а пред заминувањето ги поздрави навивачите со видео-порака во која се заблагодари за шансата да настапува во голем клуб. 

„Би сакал да се заблагодарам на сите што се дел од ова големо семејство. Чест ми беше да настапувам за толку голем клуб и нема да ве заборавам никогаш. Имавме подеми и падови, тука мислам и на себе, но навивачите секогаш ни даваа поддршка. Ви посакувам само најубави работи и му благодарам на претседателот и управата што ми направија да се чувствувам како дома“, рече Барди. 

Во следните денови се очекува името на новиот клуб на Барди. Капитенот на „рисовите“ претходно настапуваше за Леванте, Ујпешт и Преспа Бирлик. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.