• Саше Љолес

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, одигра одличен натпревар за својот Коњаспор, кој славеше со убедливи 1-4 кај Мусспор во Купот на Турција.
Нашиот репрезентативец го отвори резултатот во 38. минута, а неговите соиграчи потоа само го дотолчија противникот.
GOL| Muş Spor Kulübü 0-1 Konyaspor
38' Enis Bardhi#ZTK pic.twitter.com/RwWFq0EW80
— A Spor (@aspor) December 2, 2025
За Барди ова е четврти погодок сезонава, откако претходно трипати погодуваше во првенството.

