Барди: Среќен сум на головите, но разочаран за поразот

Енис Барди, еден од капитените на македонската фудбалска репрезентација, имаше фантастично деби во Суперлигата во дресот на Трабзонспор. Турскиот шампион пред неколку дена за сума од три милиони евра го договори потписот на одличниот офанзивец, а тој своите квалитети ги покажа уште на  првиот натпревар во турскиот шампионат.

Барди на свеото деби запиша два гола, но неговиот тим беше поразен со убедливи 2-5 од Анталијаспор. По мечот 27-годишниот фудбалер беше задоволен од својот настап и двата гола, но не и од резултатот на својот тим.

„Ова е мој прв меч во турскиот шампиом. Среќен сум многу за настапот, секако и што постигнав два гола на дебито, но најважно беше да победиме. Штета, ние не успеавме во тоа. Ова не беше резултат што го очекувавме и што го заслуживме“, рече македонскиот репрезентативец.

Барди и Трабзон в среда ги чека нова битка, овој пат во плеј-офот од Лигата на шампионите, во кој го играат реванш дуелот со Копенхаген.