Барди: Со нетрпение ја очекувам третата сезона во Примера со Леванте

Енис Барди

Македонскиот репрезентативец Енис Барди ги стартуваше подготовките со својот Леванте за новата натпреварувачка сезона. 

Офанзивната „десетка“ на тимот од Валенсија ова лето беше поврзуван со трансфер во редовите на Еспањол, но со последната изјава за тамошните медиуми јасно нагласи каде ќе настапува во следната сезона. 

„Напорните тренинзи започнаа, а можам да кажам дека со нетрпение ја чекам третата сезона во дресот на Леванте. Уште од првиот ден одлично бев примен во овој клуб, што беше одлучувачки фактор за мојата брзa адаптација во оваа лига. Се  надевам дека во новата сезона нема да се тресеме до самиот крај и предвреме ќе ја оствариме зацртаната цел“, рече Барди. 

Македонскиот репрезентативец пред две лета од Ујпешт се пресели во Леванте за трансфер вреден 1,5 милиони евра.