ВИДЕО: Барди со асистенција во поразот со градскиот ривал Валенсија

Екипата на Леванте не успеа да запише бодови на домашниот дуел со Валенсија и загуби по пресврт (2-4). Иако домаќините имаа водство од 2-0 пред полувремето примија гол, а Гамеиро со два гола во за исто толку минути го сврте резултатот. 

  • Леванте - Валенсија 2-4: 

Леванте поведе рано, во десеттата минута, на асистенција на нашиот Енис Барди, Рожер погоди од тешка позиција од косо за водство. Веќе во 20. минута предноста беше дуплирана кога истиот играч погоди од белата точка. До паузата, Рожер успеа уште еднаш да погоди, но овојпат по корнер на Валенсија ја постигна автогол. 

Кевин Гамеиро со двострел го комплетираше пресвртот за својата екипа. Прво по катастрофален пас на одбраната на Леванте, Родриго пресече топка и го навлече голманот на себе. Тој му нафрли на искусниот напаѓач кој ја погоди празната мрежа. Само две минути подоцна, во 59. минута Торес направи конфузија во одбраната на противникот и асистираше до Гамеиро кој со убав удар го матираше голаманот. 

Во 74. минута Леванте остана со играч помалку кога втор жолт картон доби Фалкон. До крајот Валенсија уште еднаш погоди, кога во 88. минута Родриго го пронајде Феран Торес кој одлично втрча во шеснаесетникот. Во следното коло, Леванте гостува кај Гранада, а Валенсија ја очекува дуел од Лигата на шампионите кај Ајакс. 

Голема домашна победа запиша изненадувањето на сезоната, Гранада, која го совлада Алавес со 3-0 со головите на Луна. Солдадо и Херера.

  • Гранада - Алавес 3-0: 

Денешната програма во Примера ќе ја затворат Барселона и Мајорка на „Камп Ноу“.

Состави

Paco Lopez

4-4-2

    Albert Celades

    4-4-2