Барди се враќа во тимот на Леванте, пораз во Виторија ќе донесе тренерска смена

Леванте не знае за победа на 14 натпревари по ред, а нашиот Енис Барди игра се поретко во вториот дел од сезоната. Во понеделникот поранешниот фудбалер на Ујпешт не беше ниту на клупата во поразот од Бетис со 0-2, но се најде во списокот на тренерот Муњиз за утрешниот дуел со Алавес во Виторија. 

Попладнево Леванте патува за Баскија, а утре шефот на стручниот штаб на клубот од Валенсија ќе одлучи дали Барди ќе се врати во стартниот тим или ќе започне од клупата. Медиумите од Валенсија пишуваат дека ако Леванте загуби, Мињиз ќе заработи отказ и дека клубот веќе бара алтернатива.

По одличниот старт, серијата изненадувања, реми средбите со Реал Мадрид и Валенсија, Леванте се наоѓа во голема криза и не помогнаа многу шесте зимски засилувања и доведувањата на Пацини, Коке и Садику.

Натпреварот Алавес - Леванте се игра утре од 21.30 часот и со овој дуел се затвора 25. кол на Примера.