• Мартин Танасковски

Екипата на Коњаспор избори пласман во финалето на Купот на Турција, откако со минимални 1-0 го совлада Бешикташ на гостински терен во Истанбул.
Херој на натпреварот беше македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој во 98. минута реализираше пенал и му донесе историски триумф на својот тим.
Судијата ја донесе одлуката за најстрога казна по консултација со ВАР системот, а Барди остана смирен и сигурно ја испрати топката во мрежата.
Beşiktaş 0-1 Konyaspor
Gol: Bardhi (Dk. 90+8)
İçimin yağları eridi resmen. ic.twitter.com/lvesJbrARt
— Volkan Yılmaz (@_vlknylmz) May 5, 2026
Со овој погодок, Коњаспор обезбеди место во финалето, каде ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Генчлербирлиги и Трабзонспор.

