• Зоран Мишевски
Денес во Цирих се одржа ждрепката за плејофот за квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Македонската фудбалска репрезентација за противник во полуфиналето на баражите ја доби селекцијата на Данска.
Полуфиналето ќе го играме на гостински терен на 26 март, а доколку приредиме изненадување, во финалето на баражот (31 март) ќе бидеме гости против победникот од дуелот меѓу Чешка и Ирска.
Во целосниот молк на фудбалерите и шпекулациите за иднината на селекторот Милевски, капитенот Енис Барди се огласи на социјалните мрежи.
„Тежок пораз, оној што ти ја гори душата! Велс нè удри силно. Болка, разочарување... Но, ова не е крај! Сè уште сме во плеј-офот во март и сè уште сме живи. Овој пораз треба да нè запали, а не да нè изгасне. Да се вратиме погладни, поагресивни, поцврсти! Ние никогаш не се предаваме“, напиша капитенот Барди на социјалните мрежи.
Натпреварот од полуфиналниот европски бараж меѓу Данска и Македонија ќе се одигра на 26 март во Копенхаген.



