ВИДЕО: Барди одигра 90 минути, Леванте прокоцка триумф со Атлетико за крај на Примера

Екилата на Леванте може да жали затоа што пропушти шанса да го победи вицешампионот Атлетико Мадрид за крај на сезоната и пред својата публика одигра 2-2 (2-0), за единаесетто реми оваа сезона.

  • Извештај од натпреварот:

Леванте имаше предност од два гола, Енис Барди беше во стартниот тим, но гостинот од Мадрид се спаси во вториот дел, иако имаше играч помалку. Тимот на македнскиот фудбалер си ја оствари зацртаната цел, а тоа е опстанок во Примера, податок кој беше познат уште во претходното коло.

Резултатот на мечот се отвори уште во 6. минута, кога Кабако доби топка од Везо и погоди за предност на Леванте од 1-0. Во 36. минута, реализираше и Роџер, за предност од два гола на паузата. Во 51. минута Кореа од Атлетико заработи црвен картон, но тимот на Симеоне не се предаде. Прво во 68. минута погоди преку Родриго за 2-1, додека во 79. минута Камелјо ги постави конечните 2-2. Леванте имаше шанса да победи во финишот, но шутот на Роџер во 87. минута само ја стресе пречката од голот на Адан.

Леванте сезоната ја завршува со 11 победи, 11 ремија и 16 порази, додека Атлетико е второпласиран со 76 освоени бода.