ВИДЕО: Барди одигра 69 минути, Еибар спаси бод кај Леванте

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговиот Леванте на домашен терен одиграа реми со Еибар (2-2) и веќе петти натпревар во низа немаат успех во шпанската фудбалска елита.

Барди се најде во стартниот состав, а Леванте двапати водеше, но не успеа да ја задржи предноста. Иако имаше повеќе од шансите, Еибар, сепак, на крајот едвај спаси бод на гостувањето на „Сиyдад де Валенсија“.

Резултатот на натпреварот се отвори уште во 5. минута кога Моралес погоди за предност на Леванте, додека во 19. минута, Ескаланте изедначи на 1-1. Домаќините ја вратија предноста во 26. минута преку Рочина, а во 78. минута Енрих изедначи на 2-2. Енис Барди на теренот мина 69 минути, а имаше една шанса за гол и воедно доби жолт картон.

Леванте е на 15. место во шпанска Примера, а во наредното коло се соочува со незгодно гостување кај Атлетик Билбао.