Барди меѓу десетте ѕвезди од Примера кои ќе бидат слободни налето

Енис Барди

Финансиската криза предизвикана од пандемијата го промени правецот на кариерите на многу фудбалери ширум светот.

Шпанските медиуми направија листа најзвучни имиња од Примера, кои на крајот од тековната сезона ќе бидат слободни да бараат нова средина. Меѓу нив се најде и Енис Барди, кој нема пронајдено заеднички јазик со Леванте за продолжување на соработката.

Десет ѕвезди од Примера кои играат последна година од договорот:

  • Осман Дембеле
  • Иско
  • Луис Суарез
  • Серхи Роберто
  • Аднан Јанузај
  • Енис Барди
  • Герет Бејл
  • Лука Модриќ
  • Хоселу
  • Алекс Фернандез

Моменталната пазарна цена на овие десет фудбалски имиња изнесува 152 милиони евра.