Барди: Македонија секогаш наоѓа сила да се врати, дури и по тешки денови!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, се огласи со порака до јавноста по четирите порази на стартот на Лигата на нациите и мечевите без постигнат погодок во дресот со државниот грб.

Искусниот фудбалер застана зад тимот и кажа дека сите минуваат низ тешки периоди, ама верува дека Македонија ќе се врати посилна од било кога.

„Дадовме се од себе, се боревме до крај, но некогаш ни максимумот не е доволен. Многу тешки денови поминавме, за секого беше тешко, но одиме заедно да се вратиме подобри. Самокритика и машки да се вратиме. Разочарувањето боли... Но, ако нешто научивме низ годините, тоа е дека Македонија секогаш наоѓа сила да се врати. ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ. МОРАМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ! Главата горе. Ова не е крајот на нашата приказна“, вели Енис Барди.

Македонија натпреварите ги продолжува во месец ноември, кога има домашен натпревар со Словенија и гостување кај Шкотска.