ВИДЕО: Барди и Трабзон останаа без ЛШ, ПСВ настрада од кобната грешка на Рамаљо

Енис Барди

Енис Барди започна од првата минута, но неговиот Трабзонспор одигра без голови против Копенхаген (0-0) и не успеа да се пласира во групната фаза во Лигата на шампионите.

Домаќинот имаше повеќе од играта, но не ги искористи своите шанси. Данскиот тим само еднаш сериозно се закани, но на крај ја оствари целта. На првиот меч обезбеди предност од 2-1 и успеа да ја сочува на жешкото гостување во Турција.

  • Трабзонспор - Копенхаген 0-0: 

Груба грешка на Андре Рамаљо го чинеше ПСВ Ајндховен пораз против Ренџерс (0-1). Минималецот му овозможи на шкотскиот гигант да се најде во елитното натпреварување.

Дефанзивецот на холандската екипа реагираше бавно и дозволи противникот да му украде топка. Малик Тилман одигра несебично и додаде до Антонио Чолак, кој погоди од непосредна близина и се претвори во јунак на гостите.

Состави

Abdullah Avci

4-2-3-1

    Jacob Neestrup

    4-3-3