Барди и Трабзон го пречекуваат српскиот шампион

Трабзон

Црвена Звезда со победата во Нови Пазар се врати на чело на Mozzart Bet Суперлигата, иако според играта не одушеви. Сепак, тренерот на српскиот шампион Милош Милојевиќ може да биде задоволен од желбата која неговиот тим ја покажа за да дојде до пресврт во Нови Пазар како и прекинот на постот на Александар Пешиќ кој одлично се снајде по центаршутот на Гејлор Канга во 88. минута и со пета ја затресе мрежата на домашните. Црвено-белите тргнаа да ја креваат самодовербата уште во натпреварот со Монако, иако доброто издание со Кнезовите не им беше наградено со резултат, ама затоа донекаде тоа им се врати во Нови Пазар. Белграѓани така со поголема самодоверба патуваат на пеколното гостување кај турскиот шампион.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Лига Европа >>>

Трабзон не ја почна сезоната според очекувањата и уште делува нестабилно, што покажа и поразот од Ференцварош во минатата рунда. Избраниците на Абдула Авџи имаа помалку простор за одмор од Црвена Звезда поради фактот дека во понеделник играа лигашки меч со Адана, па има доста сегмети кои тимот на Милојевиќ би можел да ги искористи на овој дуел, без разлика што Трабзон ќе има помош од 40.000 навивачи од трибините.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Трабзонспор - Црвена Звезда >>>

Турскиот шампион баш како и сите тимови од Групата Х ова лето го дочека со амбиции да дојде во ЛШ. Сепак, она што на Црвена Звезда ѝ го направи Макаби, а на Монако – ПСВ и на Ференцварош – Карабах, на Трабзон му го направи дански Копенхаген. Лигата на Европа дојде како утеха, иако групата е сериозно тешка за сите тимови. Трабзон оствари само една победа во последните месец дена и тоа на гостувањето кај Умранија, додека на последните два меча како домаќин против Копенхаген и Галатасарај одигра без голови.

Да нема забуни, составот на Авџи е фаворит во овој меч и експресно ќе сака да се врати во игра за нокаут-фазата. Сепак, Црвена Звезда има квалитет да се носи со овој ривал, ако покаже натпревар како оној против Монако. Нема сомнеж дека и нерешен резултат ќе биде добар за тимот на Милојевиќ кој најави дека ќе се бори за нова европска пролет.