Барди и натаму се мачи со повредата, дали ќе биде подготвен за ноемвриските натпревари?

Барди

Македонскиот фудбалер Енис Барди и натаму е далеку од кам-бек на фудбалските терени.

Играчот за врска прави пауза поради повредата здобиена на дуелот со Романија во квалификациите за Мундијалот. Од тој ден нашиот интернационалец е надвор од конкуренција за натпреварите на Леванте и македонската репрезентација.

26-годишникот започна со лесни тренинзи, но и натаму не се знае точно кога ќе му се врати на фудбалот. Засега тренира одвоено од соиграчите и ќе чека „зелено светло“ од докторскиот тим за да се врати на теренот.

Без него Македонија успеа да слави над Лихтенштајн, а потоа да запише убедлив пораз на домашен терен од Германија.

Неговата состојба е важна за Благоја Милевски. Националниот тим игра клучни натпревари во ноември, на кои мора да атакува на победа, ако сака да се надева на пласман во баражот за место на Светското првенство во Катар.