ВИДЕО: Барди и Леванте во финишот поразени во Севиља

Македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра половина час во поразот на Леванте кај Севиља во Андалузија (1-0). Иако домаќините беа поактивни, сепак не креираа доволно шанси за рано водство. Чичарито Хернандез ја затресе мрежата на Леванте, но заради недозволена позиција голот беше поништен. Кога се чинеше дека дуелот ќе заврши без голови Лук Де Јонг во 86. минута беше најснаодлив и ја погоди гостинската мрежа. 

Големи три бода освои Виљареал на теренот на Еспањол во Каталонија. Голот вреден три бода за „жолтата подморница“ го постигна Карл Токо-Екамби во 17. минута. На домашната клупа неславно дебитираше новиот тренер Каљеха, кој во минатото го водеше баш Виљареал.

Атлетик Билбао и Ваљадолид игра без победник, 1-1, а головите ги постигнаа Ињаки Вилијамс за домаќините и автогол на Иниго Мартинез за гостите.

Вториот баскиски клуб Реал Сосиедад го победи Бетис со 3-1, а напаѓачите Вилијан Жозе и Порту се запишаа меѓу стрелците.