ВИДЕО: Барди и Леванте со пресврт до прва победа во Примера

По несреќниот пораз во првото коло на „Ипуруа“ во Еибар, Леванте на Енис Барди ги впиша првите бодови во новата сезона на Примера. На „Градскиот стадион“ во Валенсија, во дуел со многу пресврти и три досудени пенали за домашната екипа, Леванте славеше со 2-1 против Виљареал.

  • Извештај од натпреварот: 

Гостите поведоа со 0-1 преку Морено, а имаа и серија пропуштени шанси за двојна предност. Моралес не реализира пенал во 65. минута, но само три минути подоцна Роџер погоди за 1-1.

Во 73. минута пак беше досуден пенал, овој пат по сигнализација на ВАР-технологијата заради прекршок врз Барди. Роџер со својот втор гол ги постави конечните 2-1 и донесе голема радост за фудбалерите на Пако Лопез.