• Иван Димовски
Екипата на Трабзонспор го победи Хатајспор со 2-0 (0-0) во натпреварот од 25. коло на турската Суперлига. Овој натпревар не понуди голови во првиот дел, а потоа Трезеге и македонскиот капитен Енис Барди донесоа победа.
За нашиот репрезентативец овој погодок значеше и прекин на „постот“ од пет месеци без гол на клупски план. Барди доби топка од Дестан, повлече низ средината на противничкото поле и со удар од околу дваесет метри стрела за заверка на победата на Трабзон.
Последен пат Барди беше стрелец за својот клуб на почетокот на септември кога даде два погодоци против Касимпаша.