• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Енис Барди со добра форма доаѓа во националниот тим, тоа е гол и победа во дресот на турски Бодрумспор.
Бодрумспор пет кола по ред е непоразен, а во оваа рунда славеше над Ризеспор со резултат 2-0. Плејмејкерот во листата на стрелците се запиша во 62. минута со шут откосо, по асистенција на Мохамед.
Бодрумспор со овие три бода избега од опасната зона во турската Суперлига.