ВИДЕО: Барди го одигра само финишот, Валенсија убедлива против Леванте 

Екипата на Валенсија брзо се подигна од болниот пораз од Рајо Ваљекано во претходното коло (0-2) и во голем стил со убедлива победа над градскиот ривал Леванте им се врати на победите во шпанската Примера (3-1). 

Со овие три бода „лилјаците“ ги зачуваа шансите за Лигата на шампионите идната сезона и заедно со Хетафе и Севиља ќе ја бијат битката за четвртата позиција на табелата во шпанскиот шампионат. 

  • Извештај од натпреварот: 

Што се однесува до вечерашниот меч на „Местања“, кој се играше во рамки од 32. коло на Примера, Валенсија имаше тотална доминација во текот на сите 90 минути, испрати преку 20 удари кон голот на Леванте, од кои само три завршија во посакуваната цел. 

Резултатот го отвори Санти Мина, по само две минути, додека на стартот на вториот дел Леванте се врати во игра и со автоголот на Солер израмни на 1-1. Сепак, Валенсија експресно  го презеде мечот во свои раце и преку Гуедес повторно поведе, додека конечните 3-1 ги постави Мина со својот втор погодок. 

Македонскиот репрезентативец Енис Барди, градското дерби го започна од клупата за резерви, а шанса за настап доби во последните 13 минути.