ВИДЕО: Барди ги одигра последните 30 минути, Леванте немоќен кај Алавес 

По подолго време македонскиот репрезентативец Енис Барди од клупата за резерви започна еден меч во Примера, а неговиот Леванте со пораз го затвори 23. коло на шпанскиот шампионат. 

Малиот клуб од Валенсија, немаше решение против најпријатното овосезонско изненадување, Алавес, кој по трите порази во низа, конечно има се врати на успесите на домашно тло и го запиша десеттиот триумф (2-0). Со овие три бода Алавес се искачи на шестата позиција на табелата со 35 бода, само два помалку од Севиља, која го „чува“ последното место, кое идната сезона води во Лигата на шампионите (4.)

Човек на одлука беше столбот на одбраната Виктор Лагуардија, откако во 23. минута на асистенција на Јони скокна највисоко и ја смести топката во мрежата на Леванте, за водство од 1-0. Сепњк, во последните секунди Јони ја искористи противниката грешка на дефанзивата на Леванте и го постави конечните 2-0. 

Барди ги одигра последните 30 минути од мечот, но не успеа позначајно да го подигне нивото на играта на својата екипа, која вечерва го запиша десеттиот овосезонски пораз.

Во следното коло противник на Леванте ќе му биде тимот на Селта Виго, додека Алавес ќе се судри со Бетис.