Барди: Едвај чекавме да почне ЕП, дуелот со Австрија е многу важен!

Репрезентацијата на Македонија ги одработува последите подготовки пред премиерниот настап на Европското првенство. В недела е закажан првиот натпревар, против Австрија во Букурешт, а избраниците на селекторот Ангеливски се спремни. 

За Македонската телевизија Енис Барди кратко го најави настапот на Македонија. 

„Едвај чекаме да почне Европското првенство, а првиот натпревар е секогаш многу важен. Сакам сè да биде како што треба, но не треба да бидеме под голем притисок. Овој дуел е ист како и сите порано, па ќе се подготвиме како и за сите претходно“, изјави Барди.

 Македонија утре ќе го одржи официјалниот тренинг, на 24 часа пред натпреварот на „Националната Арена“ во Букурешт, непосредно по прес-конференцијата на која ќе се обрати селекторот Игор Ангеловски.