Барди еден од најпосакуваните фудбалери од испаднати екипи

Барди

Македонскиот репрезентативец Енис Барди ова лето ќе слуша понуди и многу веројатно ќе си замине од Леванте.

Шпанскиот тим испадна во Сегунда, па тоа е причина плус за нашиот играч за врска да размислува за промена. 26-годишникот се најде на листа меѓу најатрактивните играчи кои доаѓаат од тимови кои паднале ранг подолу.

Опишан како еден од најдобрите„ дриблери и изведувачи на прекини“, Барди е посакуван од неколку европски екипи. Останува да видиме каков ќе биде неговиот избор за продолжението од кариерата.

Моментално нашиот интернационалец на пазарот е проценет на осум милиони евра.