• Горан Упале

Енис Барди ги одигра своите први минути во дресот на новиот тим – Бодрумспор. Во 21. коло од турската Суперлига Бодрумспор и Барди пред својата публика загубија од Ејупспор со минимални 0-1.
По само неколку дена откако пристигна во новата средина, македонскиот капитен натпреварот го започна од клупата за резерви и шанса за деби доби во самата завршница од натпреварот. Ги одигра последните десет минути во кои не успеа да му помогне на својот тим да избегне пораз. Голот за победа на Ејупспор го постигна Бингол уште во 12. минута од мечот.
Ејупспор со овој триумф останува на високото петто место на табелата, додека пред Барди и Бодрумспор претстои тешка битка за опстанок.