ВИДЕО: Барди даде екстра-гол, но Трабзон загуби кај Хатај

Фудбалскиот клуб Хатајспор со пресврт го совлада шампионот Трабзонспор со 2-1 (0-1), во рамките на 21. коло на турската Суперлига. Иако фаворитот дојде до рана предност со екстра-погодокот на Енис Барди, сепак домаќинот со пресврт ги освои трите бода. 

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Барди со глава лобуваше и даде атрактивен гол во Турција!

Македонскиот репрезентативец го отвори резултатот по само девет минути игра. Барди на несвојствен начин за себе, искористи перфектен центаршут од Бакасетас, па со глава во стилот на Робин Ван Перси го лобува противничкиот голман за 0-1

Домаќинот бргу потоа даде погодок, меѓутоа истиот беше поништен поради прекршок. Сепак, на стартот на второто полувреме Хатај за три минути направи целосен пресврт со головите на Ек Каби и Јилдирим (2-1). До крајот на мечот Трабзон немаше сили за кам-бек и го претрпе петтиот сезонски пораз во првенството. 

Состави

Abdullah Avci

4-1-4-1