• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговиот Бодрумспор славеа нова победа во турскиот шампионат, на гостувањето кај Аланијаспор (0-1) во рамки на 30-тата рунда.
Тимот на Бодрум дојде до победата во второто полувреме, а асистент на голот беше Енис Барди. Играчот центрираше од корнер во 81. минута и го пронајде Ајтемур, а тој гол беше доволен за триумф.
Бодрумспор со оваа победа направи чекор напред во битката за опстанок во Суперлигата и избега од опасната зона.