• Саше Љолес
Селекторот на босанската фудбалска репрезентација, Сергеј Барбарез, изјави дека верува во својот тим и во неговата намера да го елиминира Велс во баражот за Светското првенство.
Барбарез смета дека Босанците одиграле одличен квалификациски циклус и е убеден во успех во полуфиналниот плеј-оф, без оглед на тоа што противникот не е воопшто наивен.
„Имаме квалитет да играме на Мундијалот. Сигурен сум во ова што го зборувам, верувам во моите момчиња. Одигравме добри квалификации, а сега ќе мораме да го елиминираме Велс.
Тие беа добри во својата група, но мислам дека имаме покомпактен состав. Со малку среќа, ќе се пласираме во финалето на баражот“, рече Барбарез.
Натпреварот помеѓу Босна и Херцеговина и Велс ќе се одигра на 26 март следната година. Победникот од овој дуел ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Италија и Северна Ирска.


