„Бараме нов Аријан Адеми, додека не го пронајдеме – не застануваме!“

На прес-конференцијата по натпреварот меѓу Македонија и Азербејџан, селекторот Благоја Милевски се сврте и кон отсуството на Аријан Адеми и неговата важност во екипата. Милевски истакна дека тој е доста важна алка во Македонија и ќе се работи напорно за да се најде таков играч за иднината, иако е многу тешко.

„Неслучајно по мојата прес конфренција кажав дека не ми е важно како изгледа тимот. Јас и тогаш кажав, знам дека сега е во ред тимот, туку мора да размислиме каков ќе биде тимот во 2025 година. Мора да се почне со процес, да не дојдеме во ситуација да чекаме седум до десет години на едно младинско или сениорско првенство. Се работи за системска работа, почнувајќи од селекција од 12 години, за да може ние да очекуваме за пет до шест години да добиеме играчи за освежување на тимот, а не длабок рез и тотално подмладување. Мора да се работи системски. Базата на репрезентацијата треба да е У19. Во модерниот фудбал, на 20 години играчите се носители. Со сите овие ротации кои се прават во Лигата на нации, се бара нов играч како Аријан Адеми. Повеќе имиња се најдоа на таа позиција, додека не пронајдеме - не застануваме“, изјави Милевски.

Нашиот национален тим ја заврши 2022 година со три победи. Двапати се победи Гибралтар, а „рисовите“ славеа и во баражот за СП во Палермо.