• Мартин Танасковски
Поранешниот полски прволигаш Одра Водзислав претставува пример за клуб кој од врвот на националниот фудбал стигна до целосен пад поради финансиски проблеми.
Во периодот од 1996 до 2010 година, Одра беше редовен учесник во полската Екстракласа, а својот најголем успех го забележа во сезоната 1996/97 кога го освои третото место во првенството.
Истата сезона клубот стигна и до полуфиналето на Купот на Полска, а нешто подоцна, во 2008/09, беше финалист во Купот на Екстракласа. Сепак, пониската позиција во сезоната 2009/10 значеше испаѓање од највисокиот ранг, што се совпадна со сериозни финансиски тешкотии.
Тие проблеми набрзо прераснаа во криза од која клубот не успеа да се опорави, што на крај доведе до негов распад и исчезнување од фудбалската сцена во Полска. Тимот сега ќе почне од најнизок ранг, како нов субјект.
Одра Водзислав веќе еднаш беше во Македонија, кога во 1997 година играше во УЕФА Купот против прилепска Победа.
