Балотели пронајде клуб, ќе се обедини со старите пријатели од Милан

Марио Балотели остана без клуб ова лето, откако по крајот на минатата сезона во август ја напушти Бреша која се врати во Серија Б

Иако долго се шпекулираше и многу клубови беа сериозна опција за него, контроверзниот напаѓач веројатно ќе заврши во вториот ранг на италијанскиот фудбал и тоа во редовите на Монца. Според пишувањето на Фабрицио Романо, Балотели во понеделник ќе ги мине медицинските прегледи и ќе го засили амбициозниот второлигаш. 

  • Објавата на Фабрицио Романо: 

Во Монца, Балотели ќе се обедини со Кевин Принс Боатенг, како и со директорот Адријано Галијани со кој имаше одличен однос во редовите на Милан. Овој потег не е изненадување, бидејќи Монца ја финансира Силвио Берлускони и своевремено и на „Сан Сиро“ работеше со Балотели.