Балотели преговарал со Целје, но никој од клубот не се појавил на договорената средба

Словенечкиот прволигаш Целје, наводно сакал да го доведе италијанскиот напаѓач Марио Балотели.

Словенечки „Спорт 1“ пишува дека преговорите биле во завршна фаза и дека за во средата била  договорена средба со агентите на Балотели. Сепак, раководството на Целје наводно го прекинало контактот и никој не се појавил на средбата. Причината е што се предомислија и се откажале од желбата  да ја донесат поранешната ѕвезда.

Балотели играше за Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Сион и сега е во турскиот Адана Демирспор, со кого има договор до крајот на оваа сезона, со опција за продолжување на уште една.

Според Трансфермаркт неговата вредност е 875.000 евра. За италијанската репрезентација има 36 настапи и 14 голови.