• Мартин Танасковски

Адана Демирспор забележа голема победа над Галатасарај на домашен терен (2-0), а солиден дуел одигра италијанската ѕвезда Марио Балотели.
Јунус Акгун беше стрелец на двата гола за победникот, а по еден од нив, Италијанецот прослави во свој стил. Имено, на шега, Балотели со нога го потфати соиграчот во главата, а оваа „прослава“ брзо стана хит.
- Прославата на Балотели против Галатасарај:
На овој начин успеси славеше Златан Ибрахимовиќ кога настапуваше за Милан заедно со Антонио Касано.