Балотели ја бара осмата екипа во кариерата, Парма најблиску до неговиот потпис

Откако му заврши договорот со Олимпик Марсеј, Марио Балотели сега се насочи кон осмата екипа во кариерата.

За францускиот гигант постигна осум гола на 15 меча, а заедно со агентот Мино Раиола ова лето повторно решава за својата иднина. Неговите барања се четири милиони по сезона и истите се чини и одговараат на екипата на Парма.

Калчолигашот ќе избегне да плати пари за напаѓачот со оглед на тоа што тој е слободен играч, па тоа би можело да биде доволна причина да се прифати високата плата.

На местото на Супер Марио во Марсеј би требало да пристигне Соломон Рондон од екипата на ВБА.