Балотели и Пандев ќе играат заедно во нападот на Џенова!?

Марио Балотели повторно ќе ја промени играчката средина, но нема да си замине од Италија.

Минатата сезона контроверзниот напаѓач потпиша едногодишен договор со Бреша. Се чинеше дека ќе биде дел од убава приказна, а на крај истата заврши кошмарно. Екипата заврши во Серија Б и веднаш го избрка 30-годишникот од Палермо.

Сега се шпекулира дека поранешниот италијански репрезентативец ќе ја засили Џенова и ќе стане нов соиграч на Горан Пандев. Наводно тој ќе стави потпис на договор до крајот на сезоната, со опција да ја продолжи соработката за уште една година.

Балотели постигна пет гола на 19 настапи во Серија А минатата сезона.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.