ВИДЕО: Балотели го реши дербито на дното, поразите за Фиорентина станаа навика

Со една домашна, една гостинска победа и едно реми заврши попладневната програма од 15. коло на италијанската Серија А

Ако отворањето на денот на Апенините мина во знакот на Горан Пандев, во натпреварите од 15:00 часот во фокусот беше Марио Балотели, кој со својот трет овосезонски гол донесе голема победа за Бреша со минимални 0-1 во дербито на дното против последнопласираниот СПАЛ

  • СПАЛ - Бреша 0-1:

Привремениот италијански репрезентативец погоди во 54. минута и донесе водство за својата екипа, кое во 74. минута можеше да биде анулирано, но Петања не успеа да реализира најстрога казна, па така трите бода заминаа за Бреша.

Фудбалерите на Торино ја продлабочија кризата на Фиорентина и ѝ го нанесија четвртиот пораз во низа во Серија А, откако на свој терен извојуваа победа од 2-1. Трите бода на „биковите“ им ги обезбедија Заза и Ансалди, додека почесниот гол за „виолетовите“ го постигна Касерес во 91. минута. 

  • Фиорентина - Торино 2-1: 

Екипата на Сасуоло беше на прагот по три кола да им се врати на победите во италијанскиот шампионат, но не успеа да го сочува водството од 2-0 против Каљари и на крај мораше да се задоволи само со бод (2-2).

Состави

Leonardo Semplici

3-5-2

    Eugenio Corini

    3-5-2