• Горан Упале

По домашните 1-1 пред неколку месеци, фудбалерите на Словенија в четврток ќе имаат шанса да ѝ се реваншираат на Македонија за домашните 1-1 одиграни пред неколку месеци на „Стожице“.
Фудбалската селекција на Македонија за два дена на „Тодор Проески“ ќе ја пречека Словенија во еден од клучните натпревари во квалификациите за Европско првенство, а Јуре Балковец истакна дека ниедна селекција во последниот период не си минала лесно во Скопје, па затоа очекува тешки и неизвесни 90 минути.
„Атмосферата е одлична во тимот, но тоа не треба да нè опушти. Ни остануваат уште четири натпревари и на истите мораме да го дадеме максимумот доколку сакаме Европско првенство. Знаеме дека нема да биде лесно во Скопје. Таму на секоја селекција ѝ беше тешко да стигне до победа, па сигурно и нам нè чека истото. Но, ние сме свесни на нашиот квалитет и како на секој натпревар и на овој ќе атакуваме на победа“, вели Балковец.
Мечот на „Тодор Проески“ се игра в четврток од 20:45 часот. По шест одиграни кола Словенија е втора со 11 бода, три повеќе од Македонија која ја зазема четвртата позиција.