Балканот се потсмева со навивачите на Ц. Звезда кои дојдоа од Радовиш

Дел од медиумите од поранешните југословенски простори се потсмеваат со транспарентот на македонските навивачи на Црвена Звезда, кои допатуваа во Белград да го проследат натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите. 

Навивачите од Радовиш носеа транспарент на кој пишуваше „Македоина - Делије Радовиш“, по што наидоа на многу шеговити и потсмевачки коментари од порталите и на социјалните мрежи. 

Навивачите од Македонија се посрамотија“ и „Делије Радовиш мора да поработат на писменоста“ се само дел од коментарите кои привлекоа големо внимание на интернет порталите. Звезда на крајот загуби со конечни 2-5, а нашите македонски фанови присуствуваа на одличен натпревар и покрај гафот со нивниот транспарент.