Балканот ќе има жестока конкуренција во борбата за СП 2030!

Балканот за првпат во историјата може да биде домаќин на едно Светско првенство (СП) во фудбал, но да се донесат овде најголемите светски имиња кои се дел од најважната споредна работа на светот нема да биде воопшто лесно.

Бугарија, Грција, Србија и Романија најавија дека ќе поднесат заедничка кандидатура за СП 2030. Но, конкуренцијата за овој настан ќе биде многу сериозна. Досега, потврдени се само две кандидатури - СП 2030 го сакаат Аргентина, Уругвај и Парагвај кои се подготвени заедно да го организираат, како и Мароко, Алжир и Тунис, кои се во слична позиција.

Покрај кандидатурата на балкансите земји, се уште не се потврдени уште посакуваните кандидатури на Англија, Шкотска, Велс, Ирска и Северна Ирска (заедно), Шпанија и Португалија, Јужна Кореја, со која може да се вклучат уште и Кина, Јапонија и Северна Кореја, како и Египет и Камерун кои се спремни да поднесат самостојни кандидатури.