Балкани на Неџипи и Положани испиша историја во Косово

Косово има нов фудбалски првак во името на Балкани, екипа во која има двајца македонски претставници.

Колективот кој е формиран во 1947 година за првпат стана шампион во историјата на Косово. Балкани имаше незаборавна сезона и поради титулата ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите.

Ова воедно ќе биде и прв настап во еврокуповите за Балкани. Во редовите на косовскиот суперлигаш се наоѓаат Артим Положани како асистент-тренер и Ндерим Неџипи во улогата на директор.

Балкани ќе игра во првото квалификациско коло за ЛШ каде ќе биде меѓу неносителите.