Балканец ќе го суди блокбастерот на Баерн и Реал Мадрид во Минхен

Баерн Минхен и Реал Мадрид в среда од 21 часот на „Алијанц Арена“ ќе го одиграат реванш четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампиони, во кој германскиот шампион влегува со предност од 2-1 од првиот дуел.

Правдата на теренот ќе ја дели словенечкиот судија Славко Винчиќ, кој има богато искуство на европската сцена. Интересно е што Винчиќ досега четири пати му судел на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, при што „кралскиот клуб“ славел во три наврати, а единствениот пораз го доживеал против Милан минатата сезона.

Кога станува збор за Баерн Минхен, Винчиќ исто така има четири натпревари со баварците – две победи, едно реми и еден пораз. Германскиот гигант победуваше против Лацио и Баер Леверкузен, ремизираше со Интер, а беше поразен од Барселона.

На останатите натпревари, на Ливерпул - ПСЖ главен судија е Маурицио Мариани од Италија, на мечот Атлетико - Барселона ќе суди Клемен Турпан од Франција, додека на Арсенал - Спортинг на центарот ќе биде Франсоа Летексје исто така од Франција.